Search

Трамп ги критикуваше Евреите кои гласаат за демократи

Претседателот на САД, Доналд Трамп им порача денеска на Евреите кои гласаат за демократите дека покажуваат целосно незнаење и голема нелојалност.

„Каде замина Демократската партија? Каде заминаа кога пред Израел ги бранат конгресменките Илхан Омар и Рашида Тлајб“, пренесе „АП“.

Трамп предизвика бес кај критичарите кои сметаат дека неговите коментари се антисемистски.

Американскиот претседател значително се приближи кон Израел и тамошниот премиер, Бенјамин Нетанјаху, додека Омар и Тлајб силно го критикуваат односот на Израел кон палестинците.

Трамп минатата недела издејствува Израел да ја забрани посетата на Омар и Тлајб.

Треба да знаете
Последни објави