Search

Тони Паркер предлага крај на сезоната во Евролигата без шампион

 – Поранешната ѕвезда на Сан Антонио, а сега претседател на АСВЕЛ, Тони Паркер се сомнева во продолжување на Евролигата која е во прекин, како и многу натпреварувања, поради пандемијата на коронавирус. Па, затоа излезе со предлог за прогласување на крај на сезоната без прогласување на шампион.
-Најпаметно би било да се прогласи крај на сезоната без шампион и излегување од лигата по полека да почнеме да се подготуваме за наредното издание. Факт е дека сите ќе претрпат големи загуби, изјави Паркер за „Лекип”.
Паркер е во изолација со семејството во Сан Антонио и апелира до раководството на Евролигата да престане да дава лажна надеж на клубовите дека Евролигата ќе продолжи.
-Ќе биде многу тешко да се дојде до крајот, бидејќи ситуацијата со коронавирусот не е иста во сите земји. Целата состојба зависи од многу држави, но и различни здравствени и безбедносни прописи, истакна поранешниот француски кошаркарски репрезентативец и освојувач на четири шампионски прстени во НБА лигата.
Треба да знаете
Последни објави