Search

Тони Крос „смени плоча” откако стана јасно дека Реал ќе ги намали платите

– Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос се оправда на својот личен профил на Твитер. Пред неколку часа, играчот од средниот ред се изрази против евентуалното намалување на платите во Кралскиот клуб, но сега тврди дека неговите зборови не биле разбрани.

– Можеби не е точно преведено или некои можеби не сакаат да го разберат. Од самиот почеток, како што ме познавате, моето мислење е ова – ако можеме да помогнеме на вработените во клубот, мислам дека е логично да се откажеме од дел од платата – нешто што беше докажано денес, напиша Крос.

Потсетуваме дека пред неколку часа зборовите на Германецот беа дека „намалувањето на платите е како подарок” и дека е „да се плати целосна плата за сите да прават разумни работи”. Ова е дел од изјавата на Тони Крос дека е против намалување на платите.

Треба да знаете
Последни објави