Search

Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Познатиот хип хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка.

Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио. Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОЈ се, и да превземат одговорност за сопственото постоење. Насловот „Од изворот на изборот“ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“, објаснува Петковски.

Албумот е отпечатен во 1000 копии и ќе го има во продажба од 23 мај.

Треба да знаете
Последни објави