Search

Тинејџер со „југо“ удрил во бетонска ограда во Ѓорче па се превртел

На 12.07.2020 во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров, патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(19) од Скопје, удрило во бетонска ограда и се превртело.

Во незгодата, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“,  каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави