Search

Тинејџер со автомобил покосил двајца пешаци во Чаир

Двајца пешаци биле повредени од кои еден потешко, откако во нив удрил автомобил што го управувал 19-годишен скопјанец, вчера во скопската населба Чаир.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22.55 часот на крстосницата од улиците Војдан Чернодрински, Славеј Планина и Кримска.

Автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(19) од Скопје, удрил во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје.

Од ударот со тшки тлесни повреди се здобил А.Ш., додека полесно била повредена  Х.Ш.

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави