Search

Тимот на Леброн поуспешен од екипата на Адетокунбо

На 69.  „Ол стар” меч од НБА-лигата одигран ноќеска во Чикаго, победа забележа тимот предводен од Леброн Џејмс кој беше поуспешен од селекцијата на Јануис Адетокунбо со 157:155 (53:41, 30:51, 41:41 и 33:22).

Некарактеристично за ваквите ревијални натпревари, гледачите можеа да проследат „сериозен” меч со цврсти одбрани, посебно во последниот период.

Најефикасен цво победничкиот состав беше Каваи Ленард со 30 поени, Леброн Џејмс и Крис Пол застанаа на 23.

Адетокунбо беше најефикасен во поразениот тим со 25, Кемба Вокер постигна 23 поени.

Каваи Ленард го доби признанието МВП кое се доделува на најкорисниот играч.

Треба да знаете
Последни објави