Search

Тешко повреден велосипедист од Свети Николе

Велосипедист од Свети Николе синоќа тешко е повреден во сообраќајка што се случила околу 19:15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово.

Како што е наведено во денешниот билтен на МВР, 33-годишниот Ј.З. од Свети Николе управувајќи патничко возило „Фолксваген голф” со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави