Search

Тетовец застрелан со „калашников“ пред очите на сопругата

Тетовец е тешко ранет откако бил затрелан со неколку куршуми од автоматска пушка, вчера во Тетово, информираше МВР.

-На 01.07.2020 во 17.58 часот во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на улица Љуботенска бил застрелан нејзиниот сопруг Ш.М.(40). Од автомобил „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки излегле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од село Лавци, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг испукале неколку куршуми кон него, по што го избегале, велат од МВР.

Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави