Search

Телото најдено во Вардар е на исчезнатата Даниела од Драчево

Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Даниела Пецевска од Драчево, потврди МВР за МИА.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.

По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.

Треба да знаете
Последни објави