Search

Тања Савиќ: „Не сум среќна, но не сакам да плачам пред децата“

Откако сопругот заедно со децата Максим и Ѓорѓе замина во Австралија, пејачката Тања Савиќ е тажна.

Поради ситуацијата со корнавирусот не може да патува, а со синовите се слуша преку видео – повици,  но како што вели тоа не може да ја надополни желбата да ги прегрне.

Тања деновите ги поминува во родниот град, а едвај чека повторно да ги види своите деца.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТАЊАСАВИЌ

„Од децата сум разделена два ипол месеци и едвај чекам да ги прегрнам. Секој ден се слушаме преку видео – повици, им раскажувам што се случува овде, а тие ми кажуваат што се случува таму, како ги поминуваат деновите. Многу ми недостигаат, ме смеат и преку телефон, но не е исто кога сум покрај нив. Авоините не летаат, така да не можам да ги видам децата.  Ќе имам трпение, се надевам дека ќе замина за Австралија и дека ова со короната ќе се реши“, вели Тања и додава дека и покрај целата тага, не сака да се расплаче пред децата.

„Кога сум сама често плачам, но никогаш пред нив. Многу ми недостигаат. И на нив им е тешко, но тие се деца, па го кријат тоа незадоволство. Секогаш се обидувам да го надополнам времето што не сум покрај нив, им велам: „Дојдете мама ве чека, мама ја средува куќата“. Се трудам да останам силна“ вели пејачката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТАЊАСАВИЌ

Савиќ објаснува дека во Австралија не е среќна, па поубаво се чувствува дома.

„Не ми се допаѓа животот во Австралија, повеќе ја сакам Србија, овде е мојот дом, семејство, пријатели, овде ја изградив кариерата од која не сакам да се откажам. Што се однесува до мојот брак со Душан, тој мора да одлучи некои работи. Се секаме и понатаму, но во Австралија не сум среќна“, додава Тања.

Преземено од vistina.mk

Треба да знаете
Последни објави