Search

Тајните на исхраната на Ѓоковиќ: Половина недела е веган, наутро пие чаша млака вода

Тајната на неговата сила, издржливост и фокусираност, како што открива најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ  освен во тренингот лежи и во внимателно планираната исхрана која во последниве години беше предмет на дебата, па дури и контроверзии.

Ѓоковиќ смета дека овој режим му овозможил да постигне супериорни спортски резултати и побрзо закрепнување, но исто така го спасил од многу здравствени проблеми што ги имал.

Српскиот тенисер режимот на исхрана го базира на неколку едноставни постулати.

Избегнува во организмот да внесува глутен и млечни производи. На минимум го сведува и шеќерот,  а се труди целото мени да се базира врз зеленчук, грав, риба, овошје, јаткасти плодови, семки, леќа и здрави масла.

Ѓоковиќ неодамна учествуваше и во филмски проект кој ја промовира исхраната базирана на билки. Освен Србинот, како и режисерот Џејмс Камерон во овој голем проект учествуваат Џеки Чен, Арнолд Шварценегер, Крис Пол, Луис Хамилтон и други светски спортски ѕвезди. Сите тие сведочат дека, откако не јадат месо, се чувствуваат подобро и имаат повеќе енергија. Филмот ги комбинира тврдењата на научниците со искуствата на професионалните спортисти, кои тврдат дека нивната нова диета, која доживува бум, ги довела до нивните најголеми триумфи.

Треба да знаете
Последни објави