Search

Тајванската претседателка потврди дека американски војници ги обучуваат тајванските

Мал број американски војници во Тајван обучуваат тајвански војници, изјави претседателката Цаи Инг-вен во интервју за Си-Ен-Ен, потврдувајќи го присуството на американските сили на островот со сопствена самоуправа што Кина ја смета за своја.
Напнатоста меѓу Тајван и Кина, која не ја отфрли можноста за насилно преземање на островот, ескалираше во последните неколку недели бидејќи Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок.
„Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности”, рече Цаи во интервјуто објавено денеска.
На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето”.
Потврдата е изречена додека Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван.
Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши односите меѓу САД и Кина во време кога Пекинг спроведува воени вежби заедно со Тајван.
Запрашан за коментарот на тајванската претседателка, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг изјави дека тајванско-американските воени интеракции „биле чести” и траат долго време.
– За време на овие размени, може да се разговара за која било тема, рече тој.
Треба да знаете
Последни објави