Search

Таткото на Саздовски до Беља: Лажеш, застана на автобуската поради Никола

На денешното рочиште за судењето за убиството на Никола Саздовски вкрстено го испрашуваа првообвинетиот Бесир Беља. По испрашувањето од двајцата адвокати на обвинетите, и адвокатот на оштетените, Ванчо Шехтанаски продолжи со вкрстени прашања.

Беља претходно рече дека застанал на автобуската станица на која бил Саздовски, откако наводно ја забележал својата братучетка, па Шехтански го праша каде застанале кога помислил дека на автобуската станица е братучетката му и за кого точно помислил.

Обвинетиот рече дека помисил за неговата братучетка, но адвокатот рече дека Никола не е женско. На ова обвинетиот рече дека кога видел дека не е братучетаката и кога се враќал кон автомобилот тогаш го забележал Никола кој бил сам.

-Имаше и други луѓе околу него, не можам точно да знам дали беше сам или не, рече обвинетиот.

Адвокатот Шехтански го праша колку време се задржале на местото, обвинетиот кажа дека случката не траела ниту цела минута.

Шехтански приговараше на исказот на обвинетиот бидејќи бил контрадокторен по дадениот исказ на судскиот вешат од Институтот за судска медицина и тројцата сведоци, кои рекле дека виделе дека тројцата обвинети го тепале Никола.

И таткото на Никола поставуваше прашања до обвинетиот: Најпрвин го запраша каде сакале да одат на кафе со Скендер и Лужа и со која брзина го управувал автомобилот, и како изгледа братучетка му. Обвинетиот одговори дека немале одлучено и дека возеле со брзина од околу 30 до 40 километри на час, а за братучетката кажа дека е висока, со црна коса и има околу 24 години. Таткото на Никола бараше да објасни каде точно стоела братучетката и зошто не се вратил веднаш кога видел дека не е таа, а бараше и да објасни на колку метри отприлика дошол и видел дека не е таа и кога почнал да се враќа назад. Обвинетиот одговори дека стоела отприлика на 5, 6,10 метри, и враќајќи се назад кон автомобилот стоел Никола. Рече дека Никола стоел позади автобуската станица кај едно дрво, до деситина метри од личноста што му се причинила дека е братучетката.

На ова таткото рече дека дрвото е на самиот агол и во тој период било разгранетото и кажа дека во тој дел на изјавата Беља лаже. На ова одбраната приговареше бидејќи со ова се навредува обвинетиот.

Таткото потоа рече дека автобуската станицата е облепена со плакати, а дрвото е на самиот ќош на автобуската станица и поради тоа не можел никого да види, туку си застанал намерно поради Никола. На овие прашања реагираше одбраната бидејќи тоа биле констатации, а не прашања.

Судот ги дозволи прашањата, а обвинетиот рече дека движејќи се по булеварот со поглед можело да се види што има позади автобуската постојка. Таткото го праша дали движејќи се со брзина од 30 до 40 километри на час застанал намерно бидејќи го видел Никола? Обвинетиот одговори дека не е точно. Таткото го праша дали го удрил Никола еднаш или повеќе пати. Обвинетиот рече дека го удрил неколку пати, и дека од ударите имал помали повреди како оток. Таткото на ова даде приговор бидејќи на видео снимката за препознавање не се забележувале повреди на него.

Таткото праша каде живее братучетката што наводно ја видел, на што обвинетиот рече дека живела во неговото маало, но е мажена во Дуќанџик. На ова раегираше одбраната, на што таткото појасни што бара братучетката која е мажена во Диќанџик на автобуска во 17.30 часот на автобуска станица, дали често го прави тоа, па се препознал, или ова наведува на тоа дека дека обвинетиот не ја зборува вистината.

Судијата побара да да појасни какви удари размениле двајцата.

„Јас го удирав со тупаници. Му удрив два бокса во левата страна од градниот кош. И тој ме удри два пати, во десната слабина и во десното рамо но не со цела сила како да се подлизна, односно јаа се повлеков и не ме удри со сета сила. Тепачката заврши кога дојдоа Јетон и Скендер и не разделија. Тогаш Никола почна да се повлекува, дојдоа други луѓе, ме пцуеја и ние си заминавме“, рече обвинетиот.

Според обвинителниот акт, Беља и Скендер Демири заедно со Јетон Љужа (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булеварот „Александар Македонски” во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Даниела Вељановска

Треба да знаете
Последни објави