Search

Таткото на Боки 13 доби шест месеци затвор за тепањето на попот Стојчев

Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина. Тој беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

Судијката Александра Ристеска појасни дека ги ценела олеснителните околности,  меѓу кои и дека дека обвинетиот досега не бил осудуван.

Обвинетиот Јовановски денеска не беше присутен во судница за да ја чуе пресудата, а адвокатката Јелена Симиќ по изрекување на пресудата рече дека ќе се жали на пресудата.

На минатото рочиште Јовановски пред судот се изјасни дека е виновен, а адвокатката истакна дека попот Стојчев имал придонес кон немилиот настан, бидејќи упатил навредливи зборови кон синот на Јовановски, што не доликувало на професијата која ја има. Јовановски  ја искористи можноста да каже дека првокациите од неговиот сосед Стојчев продолжувале и понатаму

На Јовановски му се закануваше казна затвор од шест месеци до пет години, односно беше обвинет за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.
Според обвинението, инцидентот се случил во ноември 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило. Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници. Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира. На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.
Треба да знаете
Последни објави