Search

Татко монструм ја силувал својата штотуку родена ќерка: Осуден е на 244 години затвор

Татко монструм ја силувал својата штотуку родена ќерка: Осуден е на 244 години затвор

Маж од американската сојузна држава Тексас е осуден на 244 години затвор поради силување на својата штотуку родена ќерка додека бил под дејство на дрога.

27-годишниот Патрицио Медина на друг затвореник му признал дека сексуално ја злоставувал својата новородена ќерка во 2014-та година. Затвореникот потоа сведочел на судењето, по што Патрицио бил немилосрдно осуден на три казни од по 80 години затвор.

Тој по една точка од обвинението добил казна за напад на дете помало од шест години, по што бил осуден за повредување на дете и негово загрозување.

Полицијата на 14-ти март 2014-та година добила информација дека во куќата на осомничениот се случил напад и дека бебе старо само еден месец било злоставувано. Кога пристигнале во неговиот дом, Медина им признал дека два дена претходно користел метамфетамин.

Тој признал дека на бебето му ги скршил ребрата и дека се обидел да го задави откако се скарал со мајката, а потоа и го потпрел своето тело врз бебето со намера да го повреди. Мајката на бебето, Лиса Монтоја исто така е обвинета за занемарување на детето.

Злоставуваното бебе сега е посвоено од семејство кое што не е во роднинска врска. Девојчето денес има четири години.

Треба да знаете
Последни објави