Search

„Танец” средствата од продадените билети ќе ги намени за најпогодените од коронавирусот

– НУ „Танец” годинава ќе одржи голем хуманитарен концерт, а донацијата ќе ја адресираат на најпогодените семејства од епидемијата, соопштија вечерва од оваа Национална установа.

Како што наведуваат во соопштението, во програмата на „Танец” за оваа година е предвиден хуманитарен концерт, за кој се планира донација од приближно 300.000 денари, но истата и ќе се удвои, со тоа што Националната установа ќе посвети уште еден од своите големи концерти во Националната опера и балет, а вкупната сума од приближно 600.000 денари ќе ја адресираат на најпогодените семејства.

-Сѐ уште не може да се предвиди точниот датум,, но „Танец” како познат колектив со долга хуманитарна историја, со сигурност знае дека дел од своите активности ќе ги насочи во помош на најпогодените. Оваа година, заради новонастанатата состојба со пандемијата ќе ги пролонгираме сите концертни настапи, сѐ до конечното справување на државата со вирусот, наведуваат во соопштение.

„Танец” поради состојбата со коронавирусот од 21 март, на својот јутјуб канал почна со ексклузивно еднонеделно емитување на сите снимени концерти од минатогодишната јубилејна сезона, која што се одвиваше под мотото „Остани во чекор”. Серијата концерти одржани во 2019 година, во знакот на 70-годишнината од основањето на ансамблот, беа снимени во рамките на посебен проект, кој НУ „Танец” лани го стартуваше како дел од новата стратегија за заштита на културното и нематеријалното богатство.

Треба да знаете
Последни објави