Search

Сугарески: Македонскиот идентитет и јазик се затворени прашања

Сугарески, на ФБ се произнесе по актуелниот Меморандум од соседна Бугарија.

Тој вели дека никој не може да ни го одземе нашето неприкосновено право да сме свои на своето – Македонци кои зборуваат Македонски јазик, дека универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН и дека Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја.

Сугарески искажува жалење што Бугарската Влада не го следи патоказот од Делчев и додава дека секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите, кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен, јалов и не е во духот на добрососедските односи.

Тој ја поздравува и честита на мудроста на клучните луѓе во државниот врв, кои, како што вели, не влегуваат во замката Бугарскиот меморандум да биде внесен во нашата дневна политика.

„Слушам деновиве повторно се „јадеме” меѓусебно за меморандумот на соседна Бугарија.

Имам едно многу логично прашање:

Ако нашиот Македонски идентитет не е бетониран со билатералните договори со Бугарија и Грција, зошто тогаш Бугарската Влада би барала од останатите земји членки на ЕУ да ги оспорат

Македонската нација и јазик со дополнителен услов во преговарачката рамка? Јасен е одговорот-бидејќи Македонскиот идентитет одамна е затворено прашање, регистриран во нашата лична карта во ООН! Сè друго е политика наменета за внатрешна употреба!

Да бидеме на чисто – никој, ама баш никој во универзумот не може да ни го одземе нашето неприкосновено право да сме свои на своето. Македонци кои зборуваат Македонски јазик! Универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН. Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја и не случајно неговите мошти се пренесени во црквата “Свети Спас” во Скопје. Гоце по своите убедувања бил Европеец далеку пред формирањето на ЕУ.

Искрено жалам што Бугарската Влада не го следи неговиот патоказ. Секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите, кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен, јалов и не е во духот на добрососедските односи.

Сакам да им честитам на мудроста на клучните луѓе во Државниот врв, кои не влегуваат во замката Бугарскиот меморандум да биде внесен во нашата дневна политика, што секако ќе беше штетно за нашите позиции.

Затоа, не случајно денес Германија како актуелен Претседавач со ЕУ ја испрати јасно и гласно пораката-билатералните спорови не можат да бидат дел од преговарачката рамка! Кој сфати-сфати! Македонскиот народ нека биде спокоен. Знам дека некои потези со право вадат од такт! Но, не заборавајте каде бевме пред 3,5 години, каде сме сега! Полноправна членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ! Затоа, сега си подигруваат со нашите длабоки емоции и патриотски чувства за да испровоцираат погрешна реакција, која после би ја користеле како оружје да не внесат повторно во ќор-сокак!

Ние сме на вистинскиот стратешки колосек, нема скршнување!, напиша Горан Сугарески.

Треба да знаете
Последни објави