Search

Старица од Ѓорче Петров паднала во бања и починала

На 06.07.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на улица Лука Геров во Скопје, 17 – годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81).

Од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави