Search

Стаменковска-Стојковски: Вработените во јавниот сектор се доведени во ризик

Уште на првиот работен ден илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик, обвини дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски.

Таа вели дека не постојат протоколи за работа и соодветна заштита на работно место согласно препораките на СЗО.

„Упатувам апел до Владата, веднаш да се прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор, да преовладува разумот и да се овозможат мерки за нивна заштита. Упатувам апел, сите вработени кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Хронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители…. веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кој добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност“, кажа Стамнковска Стојковски.

Таа апелира да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно место и назад, да се превземат мерки за соодветна организација на работните единици/простории во инистуциите како би имало соодветен простор/ растојание помеѓу вработените и апелира на работа од дома освен за институциите каде навистина се има потреба од физичко присуство на вработените.

Треба да знаете
Последни објави