Search

Средба на градначалникот Шилегов со градоначалникот на Нирнберг, Мали

Градоначалникот Шилегов денеска /13.05.2019 година, понеделник/ оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг (СР Германија), предводена од градоначалникот Улрих Мали (Ulrich Maly). На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и истата ја оценија како одлична, каде што се реализирани голем број  проекти и активности  во областа на културата, младинската и спортската размена, противпожарната заштита и животната средина. Ова е повратна средба на градоначалникот Мали, откако минатата година градоначалникот Шилегов беше во дводневна работна посета на Нирнберг каде што Градот Скопје учествуваше на 14-от Безграничен фестивал на збратимени градови.

Минатата година делегација од Градот Нирнберг беше во посета на Град Скопје и донираше плоча и дрво од видот Гинко, кое беше симболично засадено на локацијата од која беше отстранет диво поставениот споменик на Андон Лазов – Ќосето.

Делегацијата од Нирнберг денеска присуствуваа и на официјалното доделување на донација на градинката „8 Април“ во Општина Шуто Оризари, а подоцна делегацијата треба да ја посети и канцеларијата на „Урбана лабораторија на Скопје“ (Skopje Urban Living Lab) во  Старата скопска чаршија, која е отворена во рамките на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK).

Соработката меѓу Скопје и Нирнберг датира од 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес, додека официјалното потпишување на договорот за збратимување на Скопје и Нирнберг се случи во 1982 година.

 

Треба да знаете
Последни објави