Search

Според „Ле соир“, Колинда Грабар-Китаровиќ е сериозен кандидат за водечка функција во ЕУ

Белгискиот весник „Ле соир” во голем текст за можните решенија за водечки функции во европските институции, покрај хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ ја спомнува и актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Белгискиот весник вели дека Колинда Грабар-Китаровиќ има солидно министерско искуство. Таа беше помошник генерален секретар на НАТО и е претседател на Хрватска од 2015 година.

„Ле соир“ пишува дека за Грабар-Китаровиќ би можело да има повеќе консензус отколку за Пленковиќ, кој „Ле соир“ исто така го спомнува како можна опција.

Треба да знаете
Последни објави