Search

Списокот со учесниците во групната фаза од ЛШ комплетиран со уште двајца дебитанти

По вечерашните реванш натпревари од плејофот за пласман во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите, Митјиланд, Краснодар и Салцбург го комплетираа списокот со учесници во елитното лигашко клупско натпреварување.

По Ференцварош кој обезбеди настап вчеравечер во елитното друштво, Краснодар и Миттјиланд се новите две екипи кои за прв пат ќе играат во групната фаза.

Митјиланд испиша клупска историја вечерва со победа од 4:1 против Славија Прага. Откако првиот дуел во Прага заврши без голови, данскиот претставник Митјиланд славеше со 4:1. Гостите од Чешка поведоа со голот на Петер Олајинка уште во третата минута. Во 56-тата Ерик Свјаченко израмни на 1:1, а потоа следуваше погодок на Сори Каба во 65-тата. Во 84-та прецизен од белата точка беше Александер Шолц. На две минути пред крајот на мечот Франк Онејка зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Андерс Дрејер во првата минута од судиското продолжение.

ПАОК повторно не успеа да се пласира во Лигата на шампионите откако Краснодар и во вториот меч во Солун забележа победа од 2:1. Во 73-тата минута Јанис Михалидис ја погоди сопствената мрежа за водство на Краснодар од 1:0. Само четири минути подоцна Омар Ел Кадури израмни на 1:1, а триумфот на гостите им го донесе Реми Кабела со голот во 78-та минута.

Салцбург и во вториот натпревар беше поуспешен од Макаби Тел Авив, а овој пат триумфираше со 3:1. Патсон Дака во 16-тата минута го постигна првиот гол за домаќинот. По половина час од играта во листата на стрелците се запиша Еден Карзев за израмнување на 1:1. Во последните моменти од првото полувреме Доминик Собослаи му носи предност на Салцбург од 2:1, а последниот погодок на мечот беше дело на Патсон Дака во 68 минута.

Треба да знаете
Последни објави