Search

Спасовски и владината делегација во Лондон имаше повеќе средби со доминантен фокус на енергетиката од обновливи извори и зелената економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, во придружба на министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, како дел од агендата од еднодневната работна посета на Лондон по повод Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со Мартина Ларкин, извршна директорка на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија.

На средбата беше споделено заедничкото задоволство од соработката на Владата на Република Северна Македонија со СЕФ, како глобален форум за презентација и за привлекување на интересот на странските влади и компании за економска соработка со нашата земја.

Премиерот Спасовски на средбата истакна дека Светскиот економски форум во Давос е место на кое Северна Македонија ги презентира сопствените искуства во областите кои се во фокусот на светската економија како што се енергетиката и енергетските реформи со доминантна улога на транзицијата кон обновливи извори на енергија, потоа определбата да се следат трендовите на Зелената економија, односно на давањето предност на незагадувачките и енергетски ефикасните индустрии, како и придобивките од четвртата индустриска револуција, односно дигитализацијата на услугите и на економските процеси.

Во насока на поддршка на проекти од Зелена економија и енергетска ефикасност, денеска во Лондон, во седиштето на ЕБОР, договор за менаџирање на кредитните линии за оваа намена за мали и средни претпријатија како и за граѓаните потпишаа членови на Управниот одбор на ЕБОР и Д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Потенцијалите за взаемна поддршка на полето на обновливите извори на енергија беше тема и на средбата на претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски со менаџерскиот тим на една од водечките француски компании во ова поле „Акуо Енерџи”.

Треба да знаете
Последни објави