Search

Спасовски: Да се чуваме себе, така им помагаме на медицинските работници кои се борат за нашите животи

„Секоја битка во животот остава трага и има научени лекции од таквите битки. Јас ја имав несреќата што се инфицирав со Ковид 19, иако секојдневно се зголемуваат бројките и секој од нас може да се зарази, и покрај почитување на сите мерки за заштита. Оваа битка е добра лекција за понатамошниот живот, колку е вредно здравјето, колку е вредно семејството. Преку ова се гледа како функционира системот, лекарите… генерално, целиот персонал е пожртвуван, во сите ковид центри многу хумано се работи и многу посветено за да се спаси сечиј живот. Тоа од друга страна значи дека сите ние мораме да сме одговорни. Ако ги почитуваме мерките се намалуваат шансите за пренесување на заразата, така помагаме и на самите себе и на здравствениот систем. Нема ништо поважно од животот и здравјето и затоа сите активности на владата се насочени кон тоа“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на телевизија Сител, пренесувајќи дел од личното искуство во справувањето со корона вирусот.
Тој посочи дека нашиот, но и здравствените системи во регионот и во Европа се под голем притисок од зголемувањето на бројката на заразени.
„Многу важно е да имаме персонал, многу време трае целата криза. Не само кај нас, во регионот, во цела Европа расте притисокот врз здравствените системи и затоа е важно да овозможиме функционирање на системот и многу е важна поддршката на медицинските работници, тие се на правата линија, тие се борат за нас. Затоа да си помогнеме на себе, на нашите блиски, а со тоа и на здравството.“- порача Спасовски.
Треба да знаете
Последни објави