Search

Сочувство од грчкиот претседател и од грчкото Министерство за надворешни работи

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос изрази жалење за жртвите и изрази сочувство и поддршка до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики, а на повредените им посака побрзо закрепнување, јави дописничката на МИА од Атина.

Сочувство и жалење изразија и од Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот Твитер профил, при што се потенцира дека се во континуирана комуникација со амбасадите на земјите чии што државјани беа погодени во невремето.

Треба да знаете
Последни објави