Search

Софија Вергара сподели емотивна фотографија од „Модерно семејство“ пред финалето на серијата

Последната епизода на хит серијата на Еј-би-си „Модерно семејство“ се емитуваше во средата вечер.

А неколку часа пред финалната епизода, Софија Вергара, една од главните протагонисти, на својот Инстаграм сподели приватна снимка од последниот ден на актерската екипа.

„Последното модерно семејство вечерва!“, Вергара напиша над фотографијата, на која може да се види како се забавува во групна прегратка со актерите од популарната комедија.

Џеси Тајлер Фергусон, Ариел Винтер, Сара Хиланд, Џули Боувен, Тај Бурел, Ерик Стоунстрит, Ед Онил, Нолан Гулд и Рико Родригез се на групната фотографија која Вергара ја постираше за своите 18.6 милиони следачи.

Хит-серијата „Модерно семејство“, која има пет „Еми“ награди за најдобра комедија, годинава заврши со снимање после 11 сезони.

Серијата стана хит веднаш по дебито во 2009 година, и пет години по ред ја добиваше наградата „Еми“ за најдобра комедија која спред статистките неделно ја следеле близу пет милиони гледачи.

Треба да знаете
Последни објави