Search

Сообраќајка во Прилеп со моторциклист

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Иво Лола Рибар” се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500″ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп. Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави