Search

Вардар со промоцијата на Јагуриновски и Јотиќ го комплетираше тимот за новата сезона

Со промоцијата на Томислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ, актуелниот македонски, регионален и сеуште европски машки ракометен првак Вардар 1961 го комплетираше тимот со кој ќе настапува во новата сезона, соопштија од редоивте на „црвено-црните“.

Јагуриновски е репрезентативец на Македонија и по неколку години се враќа во тимот од „Јане Сандански” каде ќе остане две сезони. Игра на позицијата десен бек.

За хрватскиот интернационалец Јотиќ ова ќе биде втора сезона во Македонија откако лани настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер од Битола.

Јотиќ игра на позицијата среден бек.

Треба да знаете
Последни објави