Search

Со нова опрема до подобра заштита на Водно, Сарај и Матка

Градот Скопје со набавка на опрема за справување со шумски пожари го подига нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка. Опремата која се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили ќе бидат во функција на сите единици на Противпожарната бригада на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило со цел да можат полесно да се справат со шумските пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка и воедно да се зачуваат природните вредности на подрачјата. Планината Водно и Кањонот Матка заради своите природни вредности се прогласени за заштитени подрачја и се атрактивни  туристички  дестинации во Скопје.

Активностите за подигнување на нивото за заштита од шумски пожари, Градот Скопје ги реализира во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој е финансиран од Европската Унија,  а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Треба да знаете
Последни објави