Search

Со лут сос во меѓуножјето и брчење на главата ја казнила љубовницата на сопругот

Со лут сос во меѓуножјето и брчење на главата ја казнила љубовницата на сопругот

Една измамена жена ја намамила љубовницата на својот сопруг во куќата, ја врзала, а потоа и истурила лут сос во вагината и и ја избричила главата.

Жена од градот Зиндерт во јужна Холандија, идентификувана како Халима, осудена е на 160 дена затвор откако е прогласена виновна за напад.

Таа исто така морала да помине 120 часа општокорисна работа, да посети психолог и на жртвата да и исплати 7.000 евра.

Судијата рече дека Халима ја мачела својата ривалка на „застрашувачки и навредлив“ начин кој „просто е апсурден во холандското општество“.

Меѓу другото, Халима и истурила „самбал“ – лут индонезиски сос кој се прави од разни видови чили пиперки во вагината на жртвата,а  потоа и ја избричила главата.

Халима дознала дека нејзиниот сопруг ја мами повеќе од пет година со една од нејзините пријателки и тоа така што ги пронашла пораките во телефонот на својот сопруг.

Заедно со соседката, Халима измислила изговор и и ја намамила пријателката во својот дом, каде успеала да ја врзи, а потоа и да ја спроведе на дело својата брутална одмазда.

На суд, Халима рекла дека на мажот ќе му даде друга шанса „како што и предложила и нејзината мајка“.

И дидала: „Сакав развод, но неочекувано забременив, а и моите деца се уште малечки. Му простив, ама не заборавив“.

Треба да знаете
Последни објави