Search

Со забрзана динамика се работи на изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во општина Аеродром

Со забрзана динамика Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин ги реализира капиталните инфраструктурни проекти во општината.
Деновиве интензивно се работи на изградба на училиштето „Димитар Македонски” во населбата Лисиче и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.
Конечно, учениците од наредната година ќе можат да учат во целосно нов објект.
Новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици, со организирана настава во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.
Во изминатиот период ја реконструиравме и спортската сала во ова училиште.
Ова е уште една потврда дека и во услови на пандемија го решаваме долгогодишниот проблем со ова училиште и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.
Продолжуваме посветено да градиме по план и да инвестираме во подобра иднина за сите граѓани.

 

Треба да знаете
Последни објави