Search

Снежен град од 19 до 24 февруари на Попова Шапка

Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје по 42 пат ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „СНЕЖЕН ГРАД“ – 2019.Манифестацијата ќе се одржи од 19 до 24 февруари 2019 година на Попова Шапка. Градителите ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, кој е и соорганизатор на манифестацијата.

Учесници –градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од повеќе градови од Македонија;Скопје, Куманово, Виница, Тетово. Сите тие се екипирани по десетина деца со свој ментор и со потребните алатки градат своја склулптура и ја прикажуваат својата креативност и умешност. Децата кои учествуваат на Снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле.Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури.
Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг , билијард, шах, Училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и се разбира забава, танцување во дискотека за учесниците на Снежниот град.

На 24 февруари во 11 часот децата – градителите заедно со Директорката на ДКЦ „Карпош“ , д-р Билјана Лалчевска Серафимовска ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град“ за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност и ќе ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

Треба да знаете
Последни објави