Search

Смогот ја доведува во прашање трката во Формула 1 во Сингапур

Организаторите на ГН на Сингапур се загрижени за состојбата со животната средина во регионот пред трката од шампионатот во Формула 1. Шумските пожари во соседна Индонезија предизвикаа Сингапур периодично да се покрива со густ смог, што може да го загрози здравјето на учесниците и гледачите во Сингапур овој викенд.

– Ние развивме план, договорен со сите страни, вклучително и Формула 1. Доколку поради смогот има проблеми со видливоста, закани по здравјето на јавноста или тешкотии во организацијата, ќе преземеме соодветни мерки и колективно ќе одлучиме што да правиме со трката, изјави претставникот на патеката „Марина Беј”.

Формула 1 „циркусот” во Сингапур е закажан за 20-22 септември.

Треба да знаете
Последни објави