Search

Словенија и Италија ќе играат за златото, а Полска и Србија за бронзата на завршницата од одбојкарското ЕП

Одбојкарите на Словенија и Италија ќе играат во финалето на 32. Европско првенство, откако вечерва ги совладаа еден од ко-домаќините Полска, односно актуелниот првак Србија.

Словенија во полуфиналето ја совлада Полска со 3:1во сетови (17-25, 32-30, 25-16, 37-35), а Италија  со истиот резултат и застана на патот кон одбрана на златниот медал на Србија (29:27, 25:22,23:25, 25:18).

На завршницата во Катовице финалето меѓу Словенија и Италија се игра в недела (денеска) од 20.30 часот, а претходно во меч за бронзениот меде Полска и Србија ќе се соочат од 17.30 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави