Search

СКСЗМ: Формирање на нова влада со економијата како приоритет

Имајќи го во предвид фактот дека рокот за формирање на Владата истекува, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија апелира до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата Влада, давајќи и приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од глобалната пандемија на COVID-19.

Економијата на Северна Македонија поминува низ длабока криза, со која никогаш се немаат соочено ни компаниите ни државните институции. Главен извор на оваа криза е пандемијата на COVID-19, па затоа формирањето на новата Влада и целосното функционирање на државните институции е неопходно, со цел да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат понатамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економски аспект кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е Северна Македонија да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на Владата.

Од особено значење е што во структурите на Владата која ќе се формира, да бидат поставени аполитички експерти од областа на економијата, кои ќе бидат во постојана консултација со деловниот сектор и економските експерти, за процесите на одлучување и управување со економијата на земјата бидејќи во спротивно ќе имаме простор за неефикасна и политизирана Влада.

Треба да знаете
Последни објави