Search

Скршен рекет на Серина Вилијамс од финале на УС-опен продаден за 21.000 долари

Во светот се случуваат многу чудни работи. Има луѓе кои имаат многу пари и не жалат да се расфралат со нив купувајќи најразлични реликвии на редовните аукции на кои се продаваат различни предмети кои им припаѓале на познатите и славните. Така неодамна неименуван купувач на една аукција платил 21.000 долари за скршен тениски рекет кои и припаѓал на Серина Вилијамс!

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња во светот Серина, од нервоза на финалниот меч на УС-опен со Наоми Осака го искрши рекетот. Серина го загуби мечот со 2-6, 4-6, а искршениот рекет му го дала на едно од децата кои собирале топки, Џастин Арингтон-Холмс. Ова момче студент рекетот веднаш го продал за 500 долари на трговец кој се занимавал со продажба на вакви предмети на аукција. Трговецот од скршениот заработил 21.000 долари.

Трговецот го продал и златниот медал на Џеси Овенс од ЛОИ во 1936 година за 615.000 долари.

 

Треба да знаете
Последни објави