Search

Скопјани побрзаа да поднесат документи за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Скопјни побрзаа да ги поднесат документи за добијат субвенции за купени велосипеди и електрични тротинети. Тоа беше причината што денеска пред бараките на Град Скопје, можеше да се види долга редица на граѓани. Oд Град Скопје објавија дека интересот на граѓаните коишто набавиле велосипед или електричен тротинет е голем, а редот и физичкото растојание меѓу граѓаните го одржуваат редари.

-Граѓаните коишто чекаат ред ги почитуваат препорачаните мерки за лична заштита и носат маски, соопштуваат од Град Скопје.

Субвенциите се 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице. Новитет оваа година е што ќе може да се доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од први јануари годинава.

Во буџетот на Град Скопје за 2020 за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Пари ќе има за субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Треба да знаете
Последни објави