Search

Скопјанецот кој наместо да седи во самоизолација отишол во Охрид ќе си плати 2.000 евра

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 13 март на граничниот премин Табановце допатувал од Република Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици.

Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29 март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.

Обвинетиот  бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

И за овој обвинет, обвинителството на Основниот суд Охрид м у предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Делчевското обвинителство побара парични казни за четири лица​. Обвинетите не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот без дозвола се движеле.

Со тоа, тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави