Search

Скопјанец претепан и ограбен во куќа во Лисиче, на друг со копач и секира сакале да му наплатат долг во Чаир

Неколку скопјани биле претепани ноќеска во повеќе тепачки низ градот,  а ќотек изел и Шпанец во центарот на Скопје, информираше МВР.

-На 22.02.2020 во 14.25 часот во СВР Скопје, С.Б.(42) од Скопје, пријавил дека околу 14.00 часот во куќа на ул. „Ѓорѓи Капчев” сопственост на З.П. бил физички нападнат и со закана со огнено оружје му било извршено разбојништво од пет до шест непознати лица при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2020 во 04.30 часот во СВР Скопје, И.С.(19) од с.Никиштане,скопско пријавил дека на 22.02.2020 околу 23,50 часот кај место викано „Чаирчанка” на ул.„Цветан Димов” поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице кои што во нападот употребиле нож, секира и копач. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Утрово во 4.35 часот во СВР Скопје, Џ.Ф.(34) од Шпанија, пријавил дека половина час порано во угостителски објект на улицата Димитрие Чуповски бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На истта улиц, но непознато дали и пред истиот објект, во 1.30 часот Б.Ф.(23), А.Ч.(23), Л.Б.(30) и М.Ч.(24) сите од Скопје поради претходно недоразбирање физички ги нападнале Ф.П.(20) М.П.(22) двајцата од с.Бразда, скопско, А.С.(21) од с. Шишево,скопско, С.Ј.(20) од Скопје и Б.Р.(18) од с.Батинци, скопско.

На 22.02.2020 во 19.00 часот во Полициско одделение Сарај, К.Б.(29) од с.Визбегово,скопско пријавил дека околу 14.40 часот во куќа на ул.1 во с.Лубин сопственост на М.Н. поради нерасчистени должничко доверителни односи бил физички нападнат со железна шипка од пријавениот и уште 5 непознати лица, при што му биле одземени мобилен телефон и пари.

Треба да знаете
Последни објави