Search

Скопјанец обвинет за убиство во Долно Дупени

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил од живот лицето Мустафа Азис од Горно Количани. Поведената истражна постапка е во врска со пронајден череп и остатоци од човечки труп во фаза на распаѓање, во атарот на Долно Дупени на 27 и 28 јули. Пронајдените остатоци, по наредба на јавен обвинител, беа предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде беше извршена идентификација на починатиот и се утврди дека причината за смрт е насилна и предизвикана од проектил на огнострелно оружје испукан во пределот на тилот на жртвата.

Основното јавно обвинителство Битола, поради опасност од бегство и можност за попречување на постапката и прикривање на доказите, поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Треба да знаете
Последни објави