Search

Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека сите преостанати членови на дипломатскиот персонал во Амбасадата на САД во Каракас денеска ја напуштиле Венецуела.

– Американските дипломати сега ќе ја продолжат својата мисија од други локации, од каде ќе продолжат да помагаат во менаџирањето со дистрибуцијата на хуманитарната помош за венецуелскиот народ и со поддршката на учесниците на демократските протести, кои храбро се спротивставуваат на тиранијата, изјави Помпео.

Стејт департментот на САД во понеделникот најави дека во текот на неделава ќе го повлече преостанатите дипломати од Венецуела, со образложение дека „нивното присуство претставува ограничување за американската политика” во земјата.

Треба да знаете
Последни објави