Search

Силјановска ја почна кампањата: Вистинските вредности да победат, правото и правдата да се воспостават

Професорката Гордана Силјановска Давкова ја почна претседатеската кампања денеска во Охрид, каде во друштво со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов разговараше со охриѓани. Таа на својот профил на Фејсбук ги сподели првите коментри по нејзиниот избор од делегатите на најголемата опозициска партија

-Немам зборови како да ви се заблагодарам за поддршката. Длабоко во ноќта останав да ги читам вашите пораки и да одговарам на нив. Ве има многу. Сите барате надеж работите да се вратат во нормала.  Вистинските вредности да победат. Правото и правдата да се воспостават, напиша на Фејсбук Силјановска.

https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/posts/114052153066092

Таа имаше забелешки дека за непрофесионални новинарски пренесувања на нејзиниот говор на Конвенцијата па на Фејсбук го сподели видеото од истото.

 

Треба да знаете
Последни објави