Search

Силјановска: Не верувам Рекет е приказна само на Јанева и Боки 13

Јас сум рекла во неколку наврати дека не верувам оти случајот Рекет е персонална приказна врзана само за Катица Јанева и Боки 13, не верувам во тоа бидејќи не може да функционира тоа на таков начин, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

-Не верувам дека туку така некој бизнисмени биле уценувани и не верувам дека само тие се уценувани, дури си мислам и дека можеби уцени имало и за луѓе од естрадата бидејќи такви работи гледавме навредливи. Она што ме шокира е тоа што телевизијата 1ТВ наликуваше на квази суд, таму цело време не бомбардираа во „инсајдер“ дека никој не е допирлив, документи дури и личности споменуваа и сите се прашуваа како може сиве овие материјали да бидат во една телевизија, значи мора да има некоја спрега. Не ми личи мене дека Катица Јанева дека може таков перфектен систем да креира на рекетирање, вели Силјановска.

Таа додава дека до последен момент имаше и луѓе од власта вклучувајќи го и премиерот кој ја бранеа Катица Јанева.

-Не заборавајте дека Катица дојде во притвор после убаво поминатиот одмор, додава Силјановска.

Таа не очекувала добар исход од формирањето на Специјалното јавно обвинителство, особено во моментот кога било јасно кој ќе застане на чело на овој орган.

-Гледам овде го наведувате извештајот на Греко за четвртиот круг на евалуацијата што препорачува и вели јасно „стандарди за професионално однесување и така натаму, интегритет, дигнитет“, ништо од тоа, јасно беше од стартот дека го нема, неможе да го препознаеме кај специјалната јавна обвинителка. Jас не ја носев на градите, тоа е погрешно, јавни обвинители не се покажуваат, не држат истраги пред камери, тоа е непознат феномен, но во тој момент се мислеше дека треба да се стави крај на филозофијата на несанкционирање и да се истера правдата и дека е тоа потребно, рече Силјановска.

 

Треба да знаете
Последни објави