Search

Семејна трагедија: Го пронашол мртов својот татко

Семејна трагедија: Го пронашол мртов својот татко

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Охрид, Ѓ.И. (50) од Охрид пријавил дека во дворот од куќата во с.Сошани го пронашол починат неговиот татко Б.И. (86) од с.Сошани.

Смртта била констатирана од екипа од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Треба да знаете
Последни објави