Search

Селена Гомез сподели црно-бели фотографии од детството до сега

Селена Гомез напорно работи во студио и се подготвува за нешто големо.

Минатиот месец, таа објави два сингла од нејзиниот претстојен трет студиски албум, кој сè уште не е именуван.

Пејачката/актерка (27) во средата на својот Инстаграм профил наговести возбудлива вест што ќе ја објави наредниот ден.

Таа сподели колаж од фотографии од детството, училишните денови и веселби, до недоамнешни видео снимки и турнеи ширум светот.

Гомез носталгичната серија слики ја наслови: „Нешто возбудливо доаѓа утре“.

 

Треба да знаете
Последни објави