Search

Сега треба да кажеме дали сакаме македонскиот јазик да стане официјален јазик во ЕУ

Македонскиот јазик како клучна одредница на македонскиот национален идентитет ќе стане еден од 25 те јазици на Европската Унија, доколку го прифатиме „францускиот предлог“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за Канал 5 ги разобличи шпекулациите кои се шират во јавноста изминативе денови, тој е уверен дека целата конструкција и наратив е поради политички побуди на опозицијата, затоа и се шират лажни информации.

-Ние сега дебатираме дали сакаме македонскиот јазик, со прифаќање и од страна на Република Бугарија, да биде официјален јазик на ЕУ, како македонски јазик без никакви додавки. Имаме историска шанса прашањето на јазикот да го затвориме засекогаш. Веднаш, го потпишуваме првиот европски документ со македонски јазик. Тоа ќе биде во историјата на ЕУ првиот документ што е се потпише со македонски јазик. Ние сме пред овој предизвик исправени, а не пред политичките кариери на опозиционерите кои ова сакаат да го искористат за нивни краткорочни цели. Тоа е прашањето сакаме ли да стане македонскиот јазик официјален јазик или сакаме уште да биде отворено прашање во кое бугарските политички партии ќе одлучуваат каква ќе биде квалификацијата во Еврпската Унија – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Што се однесува до делот на записникот од состанокот за старт на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, ќе бидат запишани една бугарска и една македонска изјава, но овие изјави односно тој записник нема никакви правни консеквенци во преогаварчкиот процес, вели Османи. Формулацијата „македонски јазик“ во преговарачката рамка ќе биде чиста без какви било додавки или фусноти.

За потсетување, пред „францускиот предлог“ формулациите на кои Владата кажа-не,беа: „јазик на Северна Македонија“; „јазик согласно Уставот“; фуснота со ѕвездичка дека македонски јазик за Бугарија е неприфатливо; „службен јазик на РСМ“;

Треба да знаете
Последни објави