Search

Северна Кореја: Денуклеаризацијата не е на преговарачка маса

Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг изјави денеска дека денуклеаризацијата не е на преговарачка маса со САД и не се потребни долги преговори со Вашингтон.

– Веќе не се потребни долги преговори со САД, бидејќи денуклеаризацијата веќе не се наоѓа на дневен ред на разговорите, истакна Сонг.

Тој оцени и дека „суштинскиот” дијалог што го бараат САД претставува „само трик” за да се добие на време, што е согласно американската политичка агенда.

Треба да знаете
Последни објави