Search

Се снима филм за Елвис Присли, главната улога ја доби Остин Батлер

Остин Батлер ќе го глуми Елвис Присли во биографскиот филм што режисерот Баз Лурман почнува да го снима наскоро. Овој 27-годишен актер победи во конкуренција на познати имиња од помладата генерација меѓу кои и Мајлс Телер, Арон Џонсон-Тејлор, Ансел Елгрот и Хари Стајлс.

Втората главна улога ја игра познатиот Том Хенкс, кој ќе го толкува ликот на полковникот Том Паркер, долгогодишен менаџер на Присли.

Филмот наскоро ќе почне да се снима во Австралија, а сè уште не е познато кога ќе се прикажува во киносалите во светот.

Треба да знаете
Последни објави