Search

Се омажи ќерката на Стив Ирвин, свадбата во зоолошка градина

Бинди Ирвин, ќерката на најпознатиот ловец на крокодили, покојниот австралиски зоолог Стив Ирвин, се омажи за Чендлер Повел.

Парот се венча во австралиска зоолошка градина, со што се пофали на социјалните мрежи. Бидејќи во светот владее коронавирусот, тие одлучиле да имаат венчавка без гости.

„Имавме мала церемонија и се омажив за најдобриот пријател. Нема зборови со кои би ја опишала количината на љубов и светло во моето срце. Овој прекрасен ден го планиравме една година и моравме се да смениме, бидејќи немавме гости на нашата венчавка. Беше многу тешка одлука, но важна за сите да останат сигурни. Сите кои ова го читате, останете безбеди и запомнете: љубовта победува“, напишала Бинди во описот на фотографијата на која се бакнува со сопругот.

https://www.instagram.com/p/B-KCn5SBLmD/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, Бинди се сврши на 24 јули минатата година, на својот 21 роденден. Интересно е дека својот избраник го запознала во зоолошка градина. Парот пред венчавката бил во врска шест години.

За потсетување, стравичната смрт на нејзиниот татко ја остави во шок кога имаше само осум години.

Стив Ирвин трагично почина за време на снимање на емисијата „Најопасните животни во океанот“. Додека нуркаше го уби смртоносната риба Раи.

Треба да знаете
Последни објави